Ејмс Ле Мезурие, поранешен британски разузнавач, кого кралицата го награди со Орденот на британската империја, беше пронајден мртов во близина на неговата канцеларија во Истанбул.
Телото на Мезурие кој беше одликуван за својата работа со „Белите шлемови“ беше пронајдено рано утрово, пренесува Би-Би-Си .
Мезурие е основач на Организацијата за одговор при итни случаи “Mayday Rescue”, која помага во обука на невладина група за цивилна заштита во Сирија – Бели шлемови.
Засега не е позната причината за смрт.
Русија ги обвини Белите шлемови за отворено помагање на терористите во Сирија.
#Zakharova: The White Helmets’ co-founder, James Le Mesurier, is a former agent of Britain’s MI6, who has been spotted all around the world, including in the #Balkans and the #MiddleEast. His connections to terrorist groups were reported back during his mission in #Kosovo. pic.twitter.com/Fa7JTuP39Z
— MFA Russia 🇷🇺 (@mfa_russia) November 8, 2019
Министерството за надворешни работи на Русија наведе на Твитер минатата недела дека Месурие е поранешен агент на МИ6, кој е забележуван низ целиот свет, вклучувајќи ги Балканот и Блискиот исток.
На твитот се наведува неговата поврзаност со терористичките групи додека бил на Косово.