Високо токсичен амонијак истече рано утринава од хемиска фабрика во североисточниот украински град Суми.
Дмитро Живицки , шеф на регионалната администрација на Суми, ја информираше јавноста за истекувањето и апелираше до сите жители во радиус од пет километри од хемиската фабрика да се засолнат во подрумите или во приземните станови каде што е можно за да избегнат контакт со токсичната хемикалија.
Гасот со силен мирис е полесен од воздухот. Живицки не кажа што го предизвикало истекувањето од фабриката Сумихимпром.
Во последните недели руската војска ја обвини Украина дека подготвува хемиски напад врз цивили за кои има намера да ја обвини Русија.
Западните земји неодамна изјавија дека постои зголемен ризик Русија да употреби биолошко или хемиско оружје.
Русија постојано беше обвинета за ширење дезинформации за наводни украински провокации со цел да ги оправда сопствените напади.
⚡Ammonia leakage at a chemical plant near #Sumy as a result of shelling by Russian army in the middle of the night. 50 tonnes ammonia cistern was damaged at #Sumykhimprom, Governor Dmytro Zhyvytskyi reports
Emergency servcs are liquidating the consequences
📷 Dmytro Zhyvytskyi pic.twitter.com/wB52QAQCMa
— Kharkiv Human Rights Protection Group (@khpg) March 21, 2022