Свет

Италијанскиот премиер Џузепе Конте поднесе оставка

 

Премиерот на Италија, Џузепе Конте изјави во горниот дом, Сенатот на италијанскиот парламент, дека си поднесува оставка откако десничарската лига, предводена од министерот за внатрешни работи Матео Салвини, одлучи да ја откаже поддршката за популистичката влада.

Конте го спречи гласањето за недоверба што се очекуваше денес, 12 дена откако Салвини го побара тоа, наведува весникот Политико.

Пред да објави дека си поднесува оставка, Конте рече дека одлуката на Салвини „има големи последици за земјата и нејзината економија“.

Конте исто така рече дека официјално ќе го извести италијанскиот претседател Серџо Матарела за неговата одлука за оставка подоцна во текот на денот, според АП.

Матарела може да побара од Конте да се обиде да најде алтернативно мнозинство во парламентот или да прифати негова оставка и да се обиде да најде друг лидер кој би можел да собере нова владејачка коалиција.

Доколку не е можно да се формира нова коалиција, Матарела може да го распушти парламентот, што ќе доведе до распишување на предвремени парламентарни избори, кои би можеле да се одржат најрано во Октомври.

Related posts

Leave a Comment