Италијанската антитерористичка единица на „карабинерите“ синоќа изврши рации и апсења на членови на неонацистичката група, пренесува „ Политико“ .
Карабинерите запленија фотографии на Хитлер, свастики и книги со листа на еврејски презимиња. Во координирана акција, полицијата упадна во домовите на 12 припадници на самопрогласениот римска аријски одред. Една од уапсените е победничката на натпреварот за убавина „Мис Хитлер“, која себе си се нарекува Ева Браун.
Во полициското соопштение се вели дека групата е решителна „да шири дискриминаторски, расистички и антисемитски содржини на социјалните мрежи“. Покрај тоа, во ваквите содржини се негира постоењето на холокаустот “. Членовите на групата охрабрувале насилство насочено кон Евреите и мигрантите.
Но, најсериозното обвинение настана заради доказите во внатрешната група на WhatsApp наречена „Judenfrei“, во која тие меѓусебно се упатуваа како да направат експлозив за да извршат терористички напад врз воена база на НАТО. Полицијата не соопштува за која база станува збор.
Рут Дурегело, претседател на Здружението на римските Евреи, рече дека случајот е доказ дека антисемитските активности на Интернет можат да бидат вовед во физички напади.
Матео Перего, претставник на партијата на Силвио Берлускони, Форца Италија, изјави „сакаме да задржиме високо ниво на политичко внимание на екстремните групи, како на крајно десничарските така и на џихадистичките групи кои се закана за државата“.