Кабинетот на вршителот на должноста премиер на Косово, Рамуш Харадинај, денес објави дека побарал од Генералното собрание на Интерпол да го одложи гласањето за прием на Косово во таа меѓународна полициска организација.
„Вршителот на должноста премиер на Република Косово, Рамуш Харадинај, со оглед на создадените околности, и во согласност со неговите овластувања како вршител на должноста премиер, и по препорака на Министерството за надворешни работи, побара денеска одложување на гласањето за членство на Косово во ИНТЕРПОЛ за следната година“, кратка изјава на Владата на Косово.
Косовската влада поднесе оставка по изборите на 6-ти октомври, на кои победи опозициската партија Албин Курти „Самоопределување“.