Македонија

И поранешниот телохранител на Мијалков избегал од куќен притвор

 

Драганчо Стоименов, познат како Дацо Белски, поранешниот телохранител на Сашо Мијалков, избегал од куќен притвор. Како што наведуваат од МВР, при последната проверка на полицијата во текот на вчерашниот ден, било утврдено дека тој не е дома.

„На Белски судот му одредил мерка куќен притвор и според надлежноста полицијата неколку пати во текот на денот прави проверки. При последната проверката извршена вчера е констатирано дека лицето не е дома, односно не ја почитува мерката на судот и за тоа веднаш е известен судот. По наредба на судот веднаш се преземени мерки и активности за пронаоѓање на лицето“, велат од МВР.

Related posts

Leave a Comment