Свет

КИЕВСКИ ДР. МЕНГЕЛЕ!: Украински лекар повика на кастрација на руските воени затвореници(ВИДЕО)

Претседателот на Истражниот комитет на Руската Федерација Александар Бастрикин нареди покренување кривична постапка против украинскиот лекар кој повикува на кастрација на заробените руски војници, соопштено е на Телеграм каналот на овој комитет, а пренесува „Спутник“.

Претходно, шефот на украинскиот проект „Мобилна болница“, Генадиј Друзенко јповика преку украинската телевизија на насилство врз заробените руски војници, а оваа наредба им е „дадена на лекарите од мобилните болници“.

„Им дадов инструкции на моите лекари. Отсекогаш сум бил голем хуманист и велев дека штом човек е повреден, тој веќе не е непријател, туку пациент. Но, сега е дадена многу строга наредба да се кастрираат сите мажи, бидејќи тие не се луѓе, туку лебарки. Русите ќе умираат во многу голем број“, изјави украинскиот лекар.

Тој изјави дека русите ќе го паметат кошмарот на украинската земја, како што Германците го паметат Сталинград и додаде дека сите ќе одговараат.

 

Related posts

Leave a Comment