Свет

Кина нема да воведе санкции кон Русија поради Украина

кино, знаме

ПЕКИНГ – Кина нема да се приклучи на финансиските санкции што САД и ЕУ ги воведоа кон Русија, соопшти денеска кинеската банкарска регулаторна комисија.

 

Претседателот на кинеската регулаторна комисија за банкарство и осигурување, Гуо Шукинг изјави дека официјален Пекинг се противи на воведувањето санкции.

„Ние нема да се приклучиме на таквите санкции и ќе одржиме нормална економска, трговска и финансиска размена со сите релевантни страни“, рече Гуо на прес-конференција.

Тој додаде дека Кина не ги одобрува финансиските санкции, особено оние наметнати еднострано, „бидејќи тие немаат правна основа и нема да имаат добри ефекти“.

Related posts

Leave a Comment