Свет

Кина: ОН треба да ги проучат руските документи за американските биолаборатории во Украина

Меѓународната заедница мора темелно да ги проучи и да направи непристрасна проценка на информациите дадени од Русија за американските биолошки лаборатории во Украина, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан, пренесе Ксинхуа .

Тој истакна дека САД се уште не дале „конструктивен одговор на изјавите на Русија“. „Ќе ја поздравиме правичната, непристрасна и професионална проценка во име на ОН во однос на документите поднесени од Русија според механизмите на Обединетите нации и Конвенцијата за забрана за развој, производство и складирање на бактериолошко (биолошко) оружје“, рече Жао Лиџијан.

Американскиот државен потсекретар за политички прашања Викторија Нуланд на почетокот на минатиот месец одговори на руските обвинувања дека Украина има капацитети во кои се вршат биолошки истражувања и дека Вашингтон работи на тоа да не падат во рацете на руските сили. Сепак, Вашингтон тврди дека тоа не се лаборатории за биолошка војна и дека обвинувањата на Москва се „апсурдни“. Од друга страна, Игор Кирилов, кој ги предводи руските сили за радијациона заштита, хемиска и биолошка заштита на руската армија, во март објави дека на територијата на Украина е формирана мрежа од над 30 биолошки лаборатории предводени од Агенцијата за намалување на одбранбените закани на Пентагон. ДТРА). Според него, на 24 февруари на сите им било наложено од украинското Министерство за здравство целосно да ги уништат биолошките агенси лоцирани во лабораториите.

Related posts

Leave a Comment