Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека посетата на Ненси Пелоси на Тајван сериозно ќе го поткопа суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина.
Како што наведоа, САД ќе ги сносат последиците.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лиџијан, на редовен брифинг со новинарите, реагираше откако претходно денеска „Фајненшл тајмс“ објави дека Пелоси планира да го посети Тајван во август и рече дека Кина ќе преземе силни мерки за заштита на својот суверенитет и територијален интегритет. .
Претходно денеска, Фајненшл тајмс објави, цитирајќи повеќе извори запознаени со ова прашање, дека Пелоси може да го посети Тајван во август.
Потенцијалната посета на американскиот функционер доаѓа во време кога Тајван се соочува со притисок од Кина, која овој остров го смета за своја територија, што е постојан извор на тензии меѓу Пекинг и Вашингтон, наведува британската агенција.
Во американската администрација има поделби околу тоа дали Пелоси треба да го посети Тајпеј, тврдат два извори запознаени со ситуацијата, објави Фајненшл тајмс.
Кабинетот на Пелоси и американското Министерство за надворешни работи сè уште не одговориле на барањето на Ројтерс за коментар, а ниту претставништвото на Тајван во САД не го коментирало ова прашање.