„Американскиот ракетен разорувач УСС Бенфолд, на 12 јули, без одобрение од кинеската влада, нелегално влезе во територијалните води на архипелагот Ксиша (кинеско име за Парацелските острови)“, изјави Тијан Јунли, портпарол на Јужната команда на кинеската народноослободителна армија.
Според кинеската централна државна телевизија, Јунли изјавил дека воздушните и поморските сили на земјата го пресретнале американскиот разорувач, го предупредиле и го избркале од своите води.
„Островите Ксиша изворно се кинеска територија, акциите на вооружените сили на САД се грубо кршење на суверенитетот и безбедноста на Кина, тие предизвикуваат сериозна штета на мирот и стабилноста во Јужното кинеско море, тие претставуваат сериозно кршење на меѓународното право и клучните норми на меѓународните односи “, рече кинескиот официјален претставник .
„Фактите покажуваат дека САД се извор на безбедносни ризици во Јужното Кинеско Море. „Ние силно ги осудуваме овие постапки и затоа протестираме и ги повикуваме Соединетите држави веднаш да престанат со ваквите провокативни акции “ , рече Јунли.
Потсетуваме: архипелагот Спратли и соседните Парацелови острови во Јужното кинеско море се простор на напнатост поради големиот број земји кои претендираат на нив: покрај Кина, тука се и Виетнам, Тајван, Брунеи, Малезија и Филипини.