Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, кој беше во Давос, во разговор за швајцарскиот весник „Ле Кантон 27“ им се заблагодари на Албанците и на Косово за воената поддршка, но и солидарноста со украинскиот народ, велејќи дека „Украинците се борат против рускиот окупатор, како што порано се бореа Албанците против српскиот окупатор“.
– Многу ми е драго што за прв пат запознав албански новинар, што е добра можност да ви пренесам порака на вас, албанскиот народ на Балканот. Слушнавме и читавме дека и вие Албанците, како и ние Украинците, сте мирољубиви, слободољубиви, но и борци. Денеска се бориме против рускиот режим кој се обидува да ја окупира Украина, како вие кои некогаш бевте окупирани од Србија… – вели Кличко за швајцарскиот весник, пренесува Косово онлајн.
Градоначалникот на Киев, кој е и поранешен светски шампион во бокс, им се заблагодари на Албанците за солидарноста со Украина, како од воен аспект, така и за хуманитарната помош.
– Верувам дека ние во Украина, покрај Бог, ќе ја вратиме оваа поддршка и на нашата земја, на нашиот народ. Благодарам Косово, благодарам Албанци. Како што вие сте ослободени од Србија, ние ќе бидеме ослободени од Русија – рече Кличко.
Klitschko, Mayor of heroic Kyiv, speaks to Swiss Albanian journalist in #Davos: "Thank you Kosovo for all the support and thank you Albanians too. Since you got to liberate yourselves from Serbia we'll also liberate our land from #Russia" https://t.co/8xbqEPMPzx [correction]
— Petrit Selimi (@Petrit) May 26, 2022