,, Кога Македонец ќе влезе во просториjа , а во неа е празно , тоj ќе рече ниту една жива душа
Односно , главно во човекот е неговата душа.
А , англоjазичниот , во такви случаи вели nobody – нема тело.
Ова многу прецизно jа рефлектира психологиjата на два разни светогледи .
За нив ; човекот е тело , а за нас – душа.
Авторството на ова опсервациjа припаѓа на Михаил Задорнов. Си дозволив , зборот < Русские > ( Руси ) да го заменам со зборот Македонец, а од тоа сигурно не настрада оригиналниот контекст. Првосплотените славjански корени и заедничкото духовно наследство се изразува и овде , во единствениот концепт за суштината на човекот и неговиот строj.
-Душата ( енергијата ) може да постои и без тело , а телото без душа е само празен сад , направен од глина , коj завршува како глина.
Постои и трета фраза- феудална ; Ет те jук – дури ни куче нема. Неласкава е споредбата на луѓето со кучиња , Луѓето биваат третирани на начин , на каков што самите дозволуваат , да бидат третирани. Ако се чувствува човек ; дете на Бог , тогаш – Душата е наjважна. Ако е , рудар во вечното окно , тогаш човекот е – тело, а ако е човек спремен да признае дека е , рожба на едикогоси , << песjи син >> е неговото име.
Послесловие : Сега веќе покоjниот сатиричар , писател , патешественик и хроничар на модерното време , Михаил Задорнов , не задолжи Нас , Македонците , со сериjата истражувања за славjанското потекло на Рурик , Бодричите- Варjаги , мигрантите по неволjа од Македониjа. Со размавтани , остри гладиуси , римските легионери предводени од генералот Белисарио ( подоцна и ,претор, на Македониjа ) , ги гонеа Македонjаните од Македониjа на север , на земjата коjа била населена од Приморjани , Љутичи , постоjано напаѓана од германските воини, Дани и Свеи , териториjа коjа се наоѓала на патот од Унгро- Финските народи во нивниот марш кон Европа. На jужниот брег од Варjашкото ( или Руско Море ) , а денешно Балтичко Море, околу градот Макленбург и островот Руен.
Документарните филмови за Рурик и за Алек Вещи , во негова продукциjа и со неговото нараторство, даваат целосна , раскошна слика за Бодричите , нивниот бит , општествено- социjалната организациjа , религиjата и обичаите , на народот коj за свои симболи ги имало ; Крилатиот Букефал и Крилатиот Лав.
Царство му Небесно !
ЗОРАН КУРЉАН