Колумни

КОЛУМНА НА БИЛ НИКОЛОВ : ВИЕ СИГУРНО НЕ БИ СЕ ОТКАЖАЛЕ ОД СВОЈОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ. ЗОШТО ГО БАРАТЕ ТОА ОД МАКЕДОНЦИТЕ?

ВИЕ СИГУРНО НЕ БИ СЕ ОТКАЖАЛЕ ОД СВОЈОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ. ЗОШТО ГО БАРАTЕ ТОА ОД МАКЕДОНЦИТЕ?

Ниту еден политичар, дипломат, бирократ или новинар со кој сум се сретнал не ми одговорил потврдно на прашањето дали би се откажале од својот идентитет. Но сепак, бараат од мене да се откажам од мојот идентитет. Се обидуваат да ме убедат дека присилното преименување на Македонија, редефинирањето на македонскиот идентитет и буквалното препишување на македонската историја е „голем успех бидејќи со тоа се разрешува еден дипломатски спор“. Со тоа ми кажуваат дека мојата етничка група е помалку важна од нивната.

Во вештачки наметнатиот „спор за името“ – за кој Грција признава дека го измислила со цел да ги избрише Македонците како етничка група – Грците (а подоцна и Бугарите) го блокираа приемот на Македонија во ЕУ и НАТО и бараа Македонија да го смени своето име, идентитет и историја и да се преименува во „Северна Македонија“ населена со „Северномакедонци“. Во исто време бараа Грција и Бугарија да можат да преземат изразот Македонија, зависно од контекстот во кој се користи. Дополнително, македонската историја се фалсификува од грчки и бугарски „исоричари“ со цел да ги отсликува грчките и бугарските анти-македонски ставови. Во случајот на Бугарија, тие бараат дури и ревидирање на еврејската историја (не се шегувам) за да го прикријат своето анти-семитско минато.

Сето ова требаше да стави точка на „спорот“ за името уште на самиот почеток. НАТО и ЕУ требаше да им укажат на своите членки Бугарија и Грција дека тоа што го бараат преставува брутално кршење на човековите права (уште подобро ќе беше да ги исклучеа од членство). Но, НАТО и ЕУ решија да им помогнат во спорот против Македонија, а се со цел да го зголемат своето членство. Гореспомнатите групи политичари, новинари и слични на нив – кои упорно зборуваат дека се заштитници на човековите права, демократијата и владеењето на правото – требаше да ја осудат дволичноста на ЕУ и НАТО.

Ако не можеа да го сторат тоа, можеа барем да се стават на наше место. Дали ќе ликуваа при бришењето на нивната етничка група? Не. Така доаѓаме до заклучокот дека ги сметаат Македонците за нелегитимен народ кој не е рамноправен со нивните. Дали некој од нив конечно ќе ја прифати мојата покана и јавно ќе ми каже зошто го мисли тоа?

Бил Николов, Претседател
Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права

Related posts

1 comment

DLM 09/04/2020 at 10:48

Мислам дека измина доволно време за да се постави прашање до Бил Николов.
Дали тој навистина смета дека со вакви акции или како и да ги нарекува ќе постигне нешто по прашањето кое не засега а кое веќе е отворен геноцид(етноцид) врз Македонците…??
Ако Бил навистина сака, без оглед што е и самиот е производ на култура која се темели на империјализам таму растел таму се едуцирал во такво нешто израснал, ако сака да се отргне таквиот ментален склоп треба и мора да ги преиспита своите ставови кои му се насадени и кои една широка лепеза на модалитети и … му ги прави недостапни.
Тој првенствено требаше да отвори-создаде комплот на фондови за помош на сите патриотски сили кои постепено требаше да прерасната во единствен Македонски Фронт, иако за оваа се говореше тој и сите околу него како да беа повеќе заинтересирани за своја лична промоција и нивните интелектуални способност…
Сето оваа на крајот не донесе до таму да немаме обединет фронт протв квислинзиве, да немаме ниту ресурси за да нешто сериозно направиме, атој со неговите ќе поставувал прашања до егзикуторите зошто ја уништуваат Македонија и Македонците, па затоа што се психопати и што се платени за тоа толку ли е тешко да се согледа тоа???
Прашањето на Македонците и Македонија не е веќе проблем само со Бугартистан и Грекистан туку со една меѓународна мафија група на империјални змемји ФУКУС+Г тоа с еземји кои вршта геноцид каде сакаат и кога сакаат и единствен начин да с еодбраниш е да пружиш отпор и да им ги покажеш забите тие единствено тоа го разбираат секоја политика на попуштање ја сметаат за слабост и одобрување за уште посилен терор…

Кога веќе еднаш ќе почнете да ги гледате и разбирате работите онакви какви што се, или сте глупи или сте платени трето нема!

Reply

Leave a Comment