КАНАДСКИОТ „Конвој на слободата“ од околу 50.000 камионџии пристигна во Отава во очи на протестите против задолжителната вакцинација за преминување на границата меѓу САД и Канада.
Колоната, долга повеќе од 60 километри, ја напушти Британска Колумбија во неделата.
Во меѓувреме, додека илјадници луѓе се собраа во канадскиот главен град за да протестираат против вакцинацијата, канадскиот премиер Џастин Трудо и неговото семејство го напуштија својот дом во Отава и отидоа на тајна локација.
Од средината на јануари, Канада и Соединетите Држави воведоа задолжителна вакцинација против КОВИД-19 за странските возачи на камиони кои ја минуваат границата меѓу двете земји.
Канадските возачи не можат да влезат во САД доколку не се вакцинирани, а американските возачи не можат да влезат во Канада. Исто така, невакцинираните канадски возачи кои се враќаат дома мора да бидат тестирани и ставени во карантин.
Kod nas u Ottawa danas ovako. 😂 pic.twitter.com/NRpySNdrWm
— Chika Velja (@VeljaChika) January 29, 2022
Невакцинираните американски камионџии не се обврзани да бидат тестирани и ставени во карантин кога ќе се вратат во САД.
Претходно, премиерот Трудо ги нарече камионџиите „мало маргинално малцинство“ и посочи дека 90 отсто од Канаѓаните биле вакцинирани.
Незадоволните возачи на камиони планираат да протестираат во Отава за време на викендот, а некои ветуваат дека ќе останат додека владата не ги укине задолжителните вакцини.