Свет

Кремљ: Русија ќе употреби нуклеарно оружје во случај на егзистенцијална закана

MOSKVA: Nuklearno oružje ćemo koristiti samo ako bude ugroženo POSTOJANJE RUSIJE! Ni EU ni Amerika nisu htele da čuju šta pričamo

Русија ќе употреби нуклеарно оружје во Украина само во случај на „егзистенцијална закана“, изјави вечерва портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Ние имаме доктрина за внатрешна безбедност, таа е јавна, таму можете да ги прочитате сите причини за употребата на нуклеарно оружје. Песков изјави за CNN.

Така Песков одговори на прашањето на новинарката Кристијана Аманпур дали е убеден дека рускиот претседател Владимир Путин, со кој е близок, нема да употреби нуклеарно оружје во Украина.

Неколку дена по почетокот на војната на 24 февруари, рускиот претседател ги стави во состојба на готовност сите компоненти на нуклеарните сили за одвраќање, што наиде на големо незадоволство кај меѓународната заедница.

Стравувањата се особено поврзани со можната употреба на нуклеарно оружје од мали размери.

„Операциите продолжуваат строго во согласност со планот“, рече Песков, додавајќи дека руската армија се обидува „да го елиминира воениот потенцијал на Украина“ и тоа е една од „главните цели на операцијата“.

За да го сторат тоа, руските сили „гаѓаат само воени цели и објекти на украинска територија, а не цивилни (цели)“, рече Песков, додавајќи дека „окупацијата“ на Украина не е меѓу целите на Кремљ.

Related posts

Leave a Comment