Свет

Курдите обвинуваат, Турција не го почитува договорот за прекин на огнот

kurdi

 

Турција не се придржува до договорот за прекин на огнот затоа што не ја орекина опсадата на клучниот град во северо-источна Сирија, Рас ал Аин, соопшти Командата на сириските Курди.

Сириските демократски сили го повикаа американскиот потпретседател Мајк Пенс, кој  посредуваше во договорот  со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, да влијае врз Турција за да го испочитува петдневниот договор за прекин на огнот.

АП наведува дека пограничниот град е тест за спроведување на договорот, кој предвидува повлекување на курдските сили од областа.

Опозициската Сириска опсерваторија за човекови права, со седиште во Велика Британија, соопшти дека сириските бунтовнички сили поддржани од турските сили, спречиле конвој на медицинска помош да влезе во Рас ал Аин вчера.

Related posts

Leave a Comment