Лидерот на Движењето Самоопределување , Албин Курти , денеска повторно ја критикуваше Албанија и премиерот Еди Рама за присуството на тројната средба во Охрид посветена на балканскиот „ мини Шенген “ и рече дека албанскиот премиер требало да почека формирање на нова приштинска влада.Курти вели дека проектот, започнат во Нови Сад а продолжен во Охрид, не само што е брз и погрешен, туку дека Албанија требало да го започне со Приштина, а не со Белград.
– Нови Сад и Охрид беа грешка, не започнува со Србија. Започнува со договорот на Косово и Албанија, продолжува со договорот Хрватска-Бугарија, потоа официјално Сараево, Подгорица и Скопје, и само на крајот Белград – рече Курти, објави приштинскиот весник „Газета Блиц“.
Според Курти, Белград треба да биде на последното место затоа што, како што вели тој ,не се кае за „злосторствата извршени со Москва на Путин“ во последната војна.
„Затоа мислам дека состаноците во Нови Сад и во Охрид беа погрешни чекори“, рече Курти.