Приближувањето на Алијансата до руските граници сведочи дека НАТО има злонамерни планови кон Русија, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по состанокот на Советот на министри за надворешни работи на БРИКС, одржан преку видео конференција.
Шефот на руската дипломатија посочи дека прекинот на доближувањето на Алијансата кон руската граница е една од обврските што ги презеде НАТО и не ги почитува.
– Не само што едноставно го игнорираат, туку и кога предлагаме да го потврдиме кажаното, на пример, принципот на неделливост на безбедноста, никој во евро-атлантскиот простор да не ја зајакнува својата безбедност на штета на безбедноста на други, тие се оддалечуваат од тој принцип и се плашат да го потврдат. Заклучокот е многу едноставен. Ова значи дека тие имаат некои малициозни планови во врска со Руската Федерација. Би сакал да грешам – рече Лавров.
Сепак, тој објасни дека потребни се конкретни активности за да се провери до кој степен западњаците се искрени за нивната подготвеност да воспостават нормални односи со Москва.
– На маса има конкретни предлози, а ние се уште не видовме конкретни одговори – потсети тој.
Како што рече, Москва е подготвена да спроведе дијалог со НАТО за аспектите на руската позиција што ја засегаат.– Ако некој види некои далекусежни опасни идеи во позицијата на Руската Федерација, тогаш ние сме подготвени да разговараме за тоа. За жал, НАТО не е подготвен – додаде тој.