„Русија објави тотална војна“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Темата за воената биолошка активност на САД ќе стане постојана тема во Советот за безбедност на ОН“, рече Лавров.
Лавров рече дека е во тек кулминацијата на политиката на западните земји да ја воздржат Русија.
– Меѓународната ситуација се вжешти до крајност. Всушност, сведоци сме на кулминација на политиката на воздржување на Русија, која Западот ја спроведува веќе подолго време – рече Лавров.
Според него, целта на акциите на Западот е да ја ослабне позицијата на Русија и да се обиде повторно да воспостави униполарен свет.
Тој нагласи дека „САД играат одлучувачка улога во унапредувањето на таквата политика“.
Претходно шефот на руското Министерство за надворешни работи изјави дека она што моментално се случува во светот „не само и не е толку поврзано со Украина“, туку е обид да се создаде нов светски поредок.