Свет

Лекарите предупредуваат : Асанж може да умре доколку не бидат преземени соодветни мерки

Гети / Холи Адамс

Лондон – Група лекари испратија писмо до британскиот министер за внатрешни работи, Прити Пател, во кое се изразува сериозна загриженост за здравјето на Жулијан Асанж.

Писмото е потпишано од повеќе од 60 лекари од бројни земји, кои инсистираат на тоа дека на основачот на Викиликс, кој моментно е во затворот Белмарш во Лондон, му треба итен преглед на физичкото и психичкото здравје.

Експертите предупредуваат дека Асанж може да умре доколку не бидат преземени соодветни мерки и оти ситуацијата е итна и нема време за губење.

Лиза Џонсон, една од потписничките на писмото, рече дека не е неопходна независна медицинска проценка на здравјето на Асанж за да се утврди дали е погоден за судење, пренесува Спутник интернешнл.

„Во согласност со владеењето на правото и човековите права, британските власти мора да го почитуваат сојузот на медицински експерти ширум светот и да го пренесат Асанж во соодветна здравствена установа пред да биде предоцна“, рече Џонсон.

Пред една недела, Џон Шиптон, таткото на Жулијан Асанж, во интервју за норвешки медиуми изрази загриженост дека екстрадицијата на неговиот син ќе значи и негова смрт.

Related posts

Leave a Comment