Светскиот шампион во џет-ски Французинот Френки Запата од Марсеј полета на неговиот “Флајборд” неколку десетици метри над Шанзелизе во Париз за време на традиционалната парада по повод францускиот национален празник Денот на падот на Бастилја на 14 јули.
Запата леташе во футуристички спектакл, лебдејќи исправено со пушка во раката.
Францускиот министер за одбрана, Флоранс Парли, претходно денеска изјави за радиото “Френс ентер” дека оваа платформа ќе може да се тестира за разни намени, на пример како летачка логистичка платформа или платформа за војнички напад.
Денеска во Париз се одржа традиционалната воена парада по повод националниот празник на 14-ти јули. Најавено беше учество на 4.300 војници, 196 возила, 69 авиони и 39 хеликоптери.
Воени единици од 10 земји кои учествуваат на парадата на Европскита иницијатива за интервенција , според извештаите на медиумите европските лидери се под притисок да ги зајакнат своите воени врски поради разликите со Вашингтон, но и поради напуштањето на Велика Британија на ЕУ.
“Никогаш од крајот на Втората светска војна, Европа не била толку важна”, рече Макрон во изјавата по повод 14-ти јули.
“Ја градиме Европа која може да се брани, во соработка со Северноатлантската алијанса, чија 70-годишнината ние ја празнуваме и е приоритет за Франција”, додаде тој . Францускиот претседател рече дека целта на ЕИ2 е “заедничка соработка и градење капацитети за заедничко дејствување”.
Во Париз, сé уште е напнато по неколкумесечните протести на жолтите елеци против политиката наМакрон. Неколку групи од движењето на жолтите елеци успеа да се измеша со собраната публика и да го изсвирка францускиот претседател.
На парадата на Елисејските полиња, со претседателот Емануел Макрон, беа некои од клучните европски политичари, како и германската канцеларка Ангела Меркел, данскиот премиер Марк Пат, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.
На парадата, наместо британскиот премиер, присуствуваа заменик-премиерот Дејвид Леидингтон.
На парадата беа присутни и шефовите на држави или влади на Белгија, Естонија, Финска, Холандија и Португалија.
Националниот празник на Франција се слави во сеќавање на 14 јули 1789 година, кога тврдината Бастилја беше завземена за време на Француската револуција.