Европа

Ле Пен: Санкциите против Русија и штетат повеќе на ЕУ отколку на Москва

Санкциите на Европската унија против Русија и штетат на Европа повеќе отколку на Москва, изјави денеска на прес-конференција во Париз лидерката на француската крајна десница Марин Ле Пен.

– Овие санкции само ги натераа луѓето од земјите на ЕУ да страдаат. Тоа е неуспех на политиката на санкции. Реалноста е дека ние сме поголеми жртви на санкции од Русија – изјави Ле Пен, пренесе ТАСС.

Според неа, ситуацијата се повторува како кога на Русија и беа воведени санкции во 2014 година.

– Наспроти тврдењата на европските влади, руската економија не е на колена. Москва продава повеќе гас, по повисоки цени отколку пред санкциите. Русија најде други трговски партнери – додаде таа.

Ле Пен изрази надеж дека политиката на санкции ќе се преиспита за да се избегне заканата Европа да биде во мрак во отсуство на снабдување со енергија.

Related posts

Leave a Comment