Колумни

ЛИДИЈА ЃОРЃЕВИЌ: СЕМЕЈСТВОТО КРУНА НА ЉУБОВТА!

Dysfunctional family - Wikipedia

 

Има ли нешто поубаво од мајчинство? Или она кога ќе станеш горд татко гледајќи ја својата љубов умножена?

Расте плодот на вашата љубов во утробата на твојата жена, се топите додека двајцата го исчекувате Божјиот дар. Не се плашите од ништо повеќе. Знаете дека Бог “ќе ги извози работите” гледајќи ве колку се сакате, и за чудо работите сами се редат. Сложувалката се склопува во совешена хармонија.
Се раѓа идниот човек. Немоќно гледа во вас, а вие нежно го залевате со љубов додека не израсне во здрава, убава, доблесна девојка или исто таков храбар, доследен маж. Веројатноста личноста која е одгледана со многу љубов , Богоугодно воспитана, и сето тоа зачинето со личен пример од исто таквите родители, да отиде по лош пат е еднаква на нула.

Сите тројца станувате есенција на Љубовта. Испарува од вас љубовта. Ја ширите и на другите и другите тоа го чувствуваат, па и они се некако разнежени, ољубовени. Уште ако сте било родител, било дете во многудетно семејство, па и уште со внучиња, на радосниот спокој му нема крај.Најверојатно такви здрави и со љубов полни семејства ги одржале и нашите баби и дедовци во немаштија и војни. Оти имале пуњач жаргонски речено.Кога си уклучен на адаптер на Љубовта нема нешто појако што може да те измести, па дури ни смртта. Оти Христос ја победи нели.

И галејќи се со вакви размисли одеднаш ме зграпчува нешто за срцето. Корне парчиња од него, од душава.

Гледам сцена:

Некаква парада на горделивост која не ја разбира ниту горделивиот, со некакви искривоколчени ликови кои се спрдачат со сите оние горенаведени светињи😨😨😰
И меѓу нив министерката за ОБРАЗОВАНИЕ/ОБРАЗување на НАШИТЕ ДЕЦА!!!
Оние деца кои беа исмеани дека одат на Бадникарски поворки.
Оние поворки и литии кои беа забранети.
Оние деца на кои им се забрани молитва во училиштата пред почетокот на училишната година!
Оние деца на кои се надвиснавме да ги заштитиме од злото, од девијантните забегувања, да им дадеме пример на здраво семејство, да ги чуваме како пиленца во памук.
Истата таа министерка која му врачи награда на извесен Шиндре бранител на педофилијата.😰😰😰

Гледам транспарент:
“НИЕ СЕ ЕБЕМЕ И ГО ОДЈЕБУВАМЕ ВАШИОТ СИСТЕМ”
А тука пеисутен претседателот со СВОИТЕ СОПСТВЕНИ ДЕЦА!!!Чувствувам мачнина. Два пати повратив.

Нешто одвнатре ми се буни. Дури и “обичните хомосексуалци” знаат дека ова не е ниту за гордеење, како впрочем и ништо човечко на овој свет, оти сме биле само Божја алатка за с’е она добро што сме го створиле, а ова не е ниту створено, ниту пак е добро. С’е што не може да се продуцира од љубов е изопачено добро, односно зло.

А злото само по себе не постои и има потреба да се храни од доброто. Да го ждере, да го толчи, да го уништи.
Од есен децата ќе учат за”еднаквостите”со транс-ова-она-луѓето. Кој нас или нашите родители ги учел такво нешто.Ниту пак прародители.Во ниту една религија нема ниту њдна книга која зборува за таква нормалност. Ќе учат и сексуално образование.Исто и дедо ми мораше да учи за инаку немаше да знае деца како се прават. Абортусот е веќе одамна’ мое тело мој избор”.А каде е изборот на малото човече што лежи во тебе коконо? А каде е изборот на твојот партнер? А каде е вашата одговорност?
Еј одговорност!

ДАЛИ БРЕ ВИЕ ЗНАЕТЕ УМОТ КАДЕ ВИ Е, НА ШТО ГИ НАВЕДУВАТЕ ДЕЦАТА, ЗОШТО ТОА ГО ПРАВИТЕ И КОЈА ВИ Е КРАЈНАТА ЦЕЛ!!!????
ВЕ ПРАШУВАМ ОД ИМЕТО НА СИТЕ(А КАКОШТО ВИДОВ МНОЗИНСТВО СМЕ) РОДИТЕЛИ, ИДНИ РОДИТЕЛИ, ТЕТКИ, ЧИЧКОВЦИ, РАСУДУВАЧИ(НЕ ОСУДУВАЧИ):

КАДЕ ГО ТЕРАТЕ БРОДОТ!!!?

Лидија Ѓорѓевиќ

Related posts

Leave a Comment