Свет

Лукашенко издаде наредба да се сузбијат протестите

Hundreds of thousands of Belarusians protested... Lukasenko ...

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, му нареди на Комитетот за државна безбедност (КГБ) да ги запре активностите на организаторите на уличните протести.

Тој исто така нареди да бидат откриени нивните извори на финансирање, објави агенцијата „Белта“ по состанокот на Советот за безбедност на земјата.

„Без разлика колку е тешко, мора да продолжиме да работиме во максимална мерка“, рече Лукашенко, пренесува ТАСС.

Тој, исто така, денеска нареди Министерството за внатрешни работи да ги прекине немирите во Минск што избувнаа по претседателските избори што се одржаа на 9 август.

Лукашенко победи на претседателските избори во Белорусија, освојувајќи 80 проценти од гласовите, додека неговата противкандидатка, Светлана Тихановска, доби 10% од гласовите. Опозицијата не ги признава резултатите.

Следеа протести, со судири меѓу полицијата и демонстрантите, а илјадници луѓе беа уапсени.

Related posts

Leave a Comment