Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, на средбата со шефот на Комитетот за државна безбедност, Валери Вакуљчик, најави дека нема да има „Мајдан“ во Белорусија.
Тој додаде дека државната безбедност е основа на сè , како и дека водечката улога во заштитата на независноста и суверенитетот на Републиката ја играат КГБ и претседателот лично.
„Позбнти ни се целите кои поедини пробисвети тука ги имаат. Сакаат да ни подготват мал „мајдан“ пред претседателските избори или на денот на изборите. Така тие планираа. На оваа средба, сакам да ве предупредам вас и сите оние што нè слушаат, сите тие заговорници на „Мајдан“ – во Белорусија нема да има „Мајдан“ “, прецизираше претседателот на Белорусија.
Тој додаде дека нема да дозволи дестабилизација на ситуацијата во земјата .
„Не треба да не споредуваат со другите, како што неодамна портал од соседна земја наведуваше дека во нашата земја се појавиле нови Пашинјани, нови Зеленски и дека ситуацијата во нашата земја е скоро како во Ерменија и Украина“, истакна Лукашенко и рече дека е убеден дека во Белорусија нема такви лидери како што е Премиерот на Ерменија и Претседателот на Украина, со кого успеа да се запознае од поблиску.
Лукашенко претпостави дека поединци сакаат за копејка да продадат сè што е создадено во земјата, истакнувајќи дека нема да го допушти тоа.