Во неделата претставниците на лидерот на опозицијата, Хуан Гуаидо, рекоа дека ќе учествуваат во новите разговори со делегацијата на властите на Венецуела на Барбадос, под медијација на Норвешка
КАРАКАС, 9 јули . Новата фаза од преговорите меѓу властите на Венецуела и опозицијата во Барбадос може да резултира со некои нови договори, изјави вчера претседателот на Венецуела Николас Мадуро.
“Добив извештај од шефот на нашата делегација во врска со процесот на преговори што започна на Барбадос. Овој извештај ме тера да се надевам”, изјави Мадуро на прес-конференцијата во живо на тв каналот Перископ.
“Имаме шест главни точки на агендата. Убеден сум дека ако продолжиме да работиме во согласност со оваа агенда, и ако нема мешање од САД, ќе можеме да постигнеме некои договори за доброто на Венецуела”, изјави тој додавајќи дека средбата во понеделникот траела пет часа.
Во мај, властите во Венецуела и опозицијата одржаа најмалку два круга индиректни разговори во Осло.
Во неделата претставниците на лидерот на опозицијата, Хуан Гуаидо, рекоа дека ќе учествуваат во новите разговори со делегацијата на властите на Венецуела на Барбадос под посредство на Норвешка.