Во двор со кружна форма,на маса од зелен мермер, седеа Учителот и младиот Владимир Филипов. Милина ме обли, посилна и од топлината на Јарило, кој веќе на половина го испил денешениот пат , повторувајки го секојдневно како сизифовска судба. Беа заедно, како никогаш да не постела пизма која би ја помрачила нивната дружба. Владимир, замислен над таблата, хексостратегија, беше навлезен длабоко во Бактрија со пешадијата и коњаницата.
На дрвена клупа – на само пар метри од мермерната маса , легнат на плеќи , со раставени нозе, свиткани во колената и крепејќи се на македонската земја, лежеше Бочварот со замижени очи. Во десниот агол на затворените усни, држеше стеблинка од троскот. – Македонецу, Македонецу, во потрага си по оружје ,кое го носиш во себе- со насмевка ми се обрати Учителот.- Умберто, преди повеќе од дваесет години ти раскажа за него. Присети се : … ДУХ-овитоста е тоа оружје. ТОЈ ја мрази смеата, зошто не ја разбира и се плаши од неа.
А ти, како и сите околу тебе, го храните со вашиот страв и тревога.- Потоа, се заврти кон ,хексостратегијата, , чешлајќи ја со долгите прсти бело- сребрената брада . Додека Учителот го обмислуваше следниот од , Владимир ги подигна своите благи костенливи очи , гледајки во пределот на моето чело. Бочварот, продолжи да го перебира троскотот низ затворените усни, со безвучен- стомачен кикот . А јас…јас се чувствував како некапен насреде раскошен амам…