Македонија

Македонски Телеком ја исклучи телевизијата „Раша тудеј“ по препорака на владата

По препораката на Владата од почетокот на месецов, Македонски Телеком денеска го прекина реемитувањето на руската телевизија „Раша Тудеј”.

-Ве известуваме дека согласно Одлуката на Владата и истата рефлектирана преку Одлуката на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, реемитувањето на овој канал не е повеќе дозволено, известува Македонски телеком, доколку корисниците се обидат да го пронајдат каналот.

Повеќето земји во Европската унија изминативе недели, откако почна руската агресија врз Украина, го прекинаа реемитувањето на „Раша тудеј“, како и каналот „Спутник“, кој исто така се поврзува со руската државна пропаганда.

Со овој потег на владата, кој соодејствува со другите европски држави, се докажува дека оддамна е мртва слободата на говорот и објективното известување.

Зошто граѓаните не би имале избор од два различни агли, да бидат информирани, па самите да донесат одлука која страна е во право а која не. Добредојдовте во орвеловскиот дистописки модел на јавно информирање.

Related posts

Leave a Comment