Свет

Макрон избега од театар заради демонстрантите! (ВИДЕО)

Францускиот претседател Еменуел Макрон доживеа непријатност во театарот во Париз.

Францускиот претседател сметаше дека тој заедно со сопругата Бриж ќе поминат мирна и убава вечер во еден од театрите во Париз. Но, тој немаше поим дека полицијата ќе мора да го евакуира од театарот поради толпа лути демонстранти.

Веста дека Макрон ќе оди во театар на представа на Десеттиот арондисман во Париз се прошири низ Париз како магла. Многу брзо, стотици луѓе се собраа пред театарот, извикувајќи пароли против Макрон!

Една од главните пароли беше: „ Оставка! “.

Макрон, наводно, се вратил во театарот за да ја догледа представата „Fly“,(Мува), откако демонстрантите се разотидоа и ситуацијата се смири.

Инцидентот се случил на 44-от ден на последователните протести на граѓаните кои се спротивставуваат на планот на француските власти за реформа на пензискиот систем.

Related posts

Leave a Comment