МОСКВА – Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денеска изјави дека оружјето што САД и го доставуваат на Украина завршува во рацете на криминалци од целиот свет и дека во суштина „Америка повторно стана спонзор на глобалниот тероризам“.
„Американското оружје ќе продолжи да завршува во рацете на разни криминалци од целиот свет. Всушност, криминалците веќе го добиваат тоа оружје, а американската администрација и разузнавачките агенции го прикриваат тоа“, рече Медведев на својот Телеграм канал, пренесува Тасс.
Медведев рече дека не исклучува дека Русија, заедно со „одговорните земји“ може да создаде посебен механизам за спроведување истрага против оваа, како што истакна, „гнила до срж вооружена шема“.
„Меѓутоа, тоа никако нема да влијае на рамнотежата на силите во светот, но професионалните крадци во САД и Украина силно ќе ги полнат џебовите. Терористите и радикалите ќе имаат уште посмртоносна воена опрема“, рече Медведев.