Свет

Медицински работници од болница во Хјустон отпуштени од работа бидејќи одбиле да се вакцинираат против Ковид-19

nytimes.com

Повеќе од 150 вработени во болничкиот систем во Хјустон кои одбија да примат вакцина против Ковид-19 се отпуштени или поднесоа оставки откако судијата ја отфрли тужбата на вработените во врска со условите за вакцинација.

Портпаролот на болницата Хјустон Методист изјави дека 153 вработени или дале отказ во двонеделниот период на суспензија или биле отпуштени во вторникот.

Претходно овој месец, федерален судија ја отфрли тужбата поднесена од 117 вработени во врска со барањето.

Во пресудата од 12 јуни, американскиот окружен судија Лин Хјуз од Хјустон го отфрли исказот на главната тужителка Џенифер Бриџис дека вакцините се „експериментални и опасни“ лажни и неважни. Тој исто навед дека нејзината споредба за условот за вакцинација со насистичкото присилно експериментирање врз заробениците во концентрационите логори за време на холокаустот е „за осуда“.

Судијата изјави дека ако вработените во болничкиот систем не сакаат да го прифата условот, можат да одат на друго место.

Болничките работници кои ја поднесоа тужбата ја обжалија пресудата на судијата до Петтиот апелационен суд во САД.

Болничкиот систем им наложуваше на вработените да ја завршат својата имунизација до 7 јуни. Потоа, 178 вработени беа суспендирани на две недели без плата за непочитување на истата.

Една од вработените кои ја одбија вакцината, Латриша Бланк, рече дека „не сака да работи со такви луѓе“.

Латриша Бланк вели дека не е против вакцините, но не се чувствува пријатно поради фактот што вакцините се направени брзо.

Бланк беше скептична во врска со безбедноста на вакцината и болничката понуда за бонус плата за сите вработени кои се вакцинирани, што уште повеќе ја вознемири.

– Не разбирам, ако ова треба да биде добро за нас, зошто ни нудите нешто – праша таа.

Таа додаде дека и е полесно по одлуката да не прима вакцина, а исто така рече дека ќе продолжи да работи во здравствена заштита, но во болница која не бара од вработените да се вакцинираат.

Три вакцини кои се одобрени во САД (Фајзер, Модерна, Џонсон и Џонсон) имаат одобрение за итна употреба од страна на Управата за храна и лекови на САД, но не се целосно одобрени.

Related posts

Leave a Comment