Свет

Мелинда Гејтс: Една од причините за разводот беше поврзаноста на Бил со педофилот Епштајн

Мелинда Гејтс: Една од причините за разводот беше поврзаноста на Бил со педофил

 

Во едно од нејзините први големи интервјуа по разводот, Гејтс рече дека „многу работи“, не само една, предизвикале нивно разидување, но дека не сакалс Гејтс да има состаноци со Џефри Епштајн и дека таа јасно му го ставила тоа на знаење, пишува Форбс .

Таа изјави за CBS дека само еднаш го запознала Епштајн затоа што „сакала да види каков е како личност“. Таа воочила дека е „одвратен“ и „персонифицирано зло“ и рече дека имала кошмари по таа средба.

Љубовна врска

Бил Гејтс признал дека имал афера пред речиси 20 години, а неговата поранешна сопруга тогаш изјавила дека верува во простување. На прашањето за гласините дека Бил Гејтс имал повеќе љубовни врски, таа рече дека треба да го прашате него.

Таа додаде дека има „продуктивен работен однос“ со нејзиниот поранешен сопруг, но дека треба уште малку време за да се смират работите. Таа рече дека е отворена за можноста да запознае некој нов и дека полека почнала да оди на состаноци.

Фондацијата Гејтс

Таа се осврна и на фондацијата Гејтс, која парот ја основаше заедно, и откри дека таа и Бил ги оставиле настрана разликите за да продолжат со својата добротворна работа.

„Пред сè, ние двајцата сакаме да работиме заедно – ја основавме оваа институција заедно во 2000 година. Нашите имиња се на таа зграда. Верувам во таа институција, моите вредности потекнуваат од таа институција, така што отсекогаш сум чувствувала дека таа нè повикува на некој начин да бидеме подобри луѓе“, рече таа, додавајќи дека и покрај се одржувала фер однос со поранешниот сопруг, но дека тие повеќе не се пријатели.

Дали контактирале адвокати во 2019 година?

Да потсетиме, Бил и Мелинда Гејтс се разведоа во мај 2021 година по 27 години брак. Гејтс се сретнал со Епштајн неколку пати од 2011 година. Според Њујорк Тајмс, тие еднаш се сретнале во озлогласениот дом на Епштајн на Менхетен.

Набргу откако веста за нивниот развод почна да ги полни медиумските страници, Wall Street Journal објави дека Мелинда Гејтс контактирала со адвокатите за развод во 2019 година, кога весникот почнал да пишува за средбите помеѓу Бил Гејтс и Епштајн.

Related posts

Leave a Comment