МОСКВА – Генерал-полковник Михаил Мизинцев, шеф на рускиот центар за контрола на националната одбрана, изјави денеска дека украинските националисти држат повеќе од 6.000 странски заложници како жив штит, а 76 странски бродови сè уште се блокирани во украинските пристаништа.
„Украинските националисти сè уште држат 6.255 странски државјани од 12 земји како жив штит. Покрај тоа, 76 странски бродови од 18 земји се уште се блокирани во украинските пристаништа“, рече Мизинцев, пренесе РИА Новости.
Тој нагласи дека опасноста од гранатирање и големата минска опасност што ја создава Киев во неговите внатрешни води и територијално море не дозволуваат бродовите слободно да навлезат на отворено море, пренесува РИА Новости.