Врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи, ја предводеше молитва пред ковчегот на Касем Сулејмани, кој беше убиен во американски воздушен напад, пренесува Ројтерс. Милиони Иранци се збогуваат со Сулејмани.
Иранскиот духовен водач, ајатолахот Али Хамнеи, плачеше над ковчегот на убиениот генерал Касем Сулејмани, кој беше убиен од беспилотно летало во Багдад по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп.
#Iran's SL Khamenei chokes up while leading funeral prayers for #Soleimani in Tehran.
Video via the government-run daily Iran. pic.twitter.com/3rhcjVmZJI
— Kian Sharifi (@KianSharifi) January 6, 2020
За време на погребот беа понудени 80 милиони долари за „главата“ на Доналд Трамп .
Претходно, ќерката на Сулејмани, Заинаб, му се закани на Трамп со одмазда , велејќи дека ќе следи одговор за смртта на нејзиниот татко.
Ројтерс соопшти дека тоа е најголемиот собир од 1989 година и погребот на основачот на Исламската Република, ајатолах Хомеини.
Милиони Иранци се збогуваа со Сулејмани, кој беше убиен на 3 јануари во американската специјална операција.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го одобрил нападот врз иранскиот генерал Сулејмани затоа што планирал „директни и злобни напади“ врз Американците .