Минск – Белорусија ги разгледува западните санкции, воведени поради присилното слетување на летот на Рајанeр поради апсење на еден патник, објавување на економска војна.
Западните сили координираа нова серија санкции против белоруските власти, пратеници и премиерот Александар Лукашенко во понеделникот, откако белоруските власти минатиот месец принудија авион на „Рајанер“ што леташе од Атина до Вилнус да слета за да може да се уапси новинар.
Минск објави дека санкциите негативно ќе влијаат на белоруското население и предупреди дека ќе биде принуден да донесе реципрочни мерки што можат да им наштетат на граѓаните и компаниите од западните земји.
„Намерни деструктивни активности“
“Европската унија продолжува со намерни деструктивни активности против населението со цел наводно финансиско исцрпување на режимот. Ова всушност се граничи со објавување на економска војна”, рече Министерството.
Министрите за надворешни работи на ЕУ во понеделникот воведоа санкции против 78 физички и осум правни лица од Белорусија за сериозно кршење на човековите права, репресија на граѓанското општество, демократската опозиција и новинари.
Подоцна на ЕУ и се придружија санкциите од Велика Британија, САД и Канада. Меѓу луѓето против кои се воведени санкции има неколку познати бизнисмени кои го поддржуваат Александар Лукашенко.
Ова е четврта рунда санкции, а ограничувачките мерки на ЕУ досега вклучија 166 лица и 15 правни лица од Белорусија. Мерките вклучуваат замрзнување на нивните средства во ЕУ, а на европските граѓани и компании им е забрането да имаат деловни активности со нив и да им плаќаат пари.