Колумни

Мишко Ливрински : БИТКА ЗА СЕВЕРНАТА

Related image

 

Море бре! Будала само можеше  да мисли дека менуваш име за да влезеш во некој си елитен европски клуб, кога едно пет – шест години Брисел тврди дека нема проширување на унијата. Втора работа е тоа што така наречениот западен балкан ( Македонија, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина) треба да преставува тампон зона, односно штит на Европа од истокот. Така според ова произлегува  дека западниот балкан ќе влезе на куково лето во унијата. Особено сега кога унијата се наоѓа пред нејзиното реформирање, нејзина трансформација. Колку што може да се види нејзините институции се веќе мртви. Пројдоа веќе пет месеци како неможат да изберат комесари, немат изградено заедничка надворешна политика, нивните гласачи излагат на избори под 25%, сето ова ни зборува дека унијата е клинички мртовец и само на партии како нашите и од лево и од десно ( А на мајка им во центарот) не можат пред нив да ја видат реалната слика за унијата.

Црпката Заев ни вети дека ќе сме оделе на избори! избори во Северна Македонија! Битката за севернава започнува!ДПМНЕ пресреќен желбата им се исполни. Окупаторот ќе им организира избори. Тие ли ќе ја продолжат окупацијата? Ние обичниот народ, сите викаме дека сме под окупација, што е реално и точно. Црпнатава власт ја донесе странски окупатор ( ЦИА) која под присла и непочитувајќи ја волјата на македонскиот народ му смени име, историја, личен опис. Тоа е најголемиот факт дека Македонија и македонскиот народ се под окупација, тоа што црпнатава власт се што прави, прави спротивно од волјата на македонскиот народ е најголемиот доказ.
Јас до сега не чув од ДПМНЕ да ја нарече власта окупатор, не чув да рече дека државата ни се наоѓа под окупација. Тие самите ја легитимира и го призна легитимитетот, не се оважа да бидат на чело на народот, не влегоа во илегала , па илегално да се борат за враќање на државата во рацете на народот.Туку фино лепо со самото влегување во работата на собранието тие и го призна легитимитетот, а со тоа и окупацијата ја призна за легална.
Зборот ми е за фашистичките избори!Окупацијата не се победува на избори! излагањето на избори организирани од страна на фашистичката власт, тоа значи соучесништво во нејзината окупациона власт. Прво изборите се организирани како парламентарни избори за дивоградбата Северна Македонија, на овие избори треба да излага македонскиот народ  кои со лични карти, пасоши и документи е државјанин на Република Македонија, значи од друга држава треба да оди да гласа  за дивоградбата Северна, тоа е криминален процес. Партите кои учествуваат на избори, по закон и устав се регистрирани во Република Македонија, а не во Северна. Апла од криминал до криминал и незаконитост, затоа македонскиот народ треба силно да ги бојкотира и овие избори.
Единствено решение за борба против окупацијата е организирање на уставотворно и народно собрание. Тоа за почеток можеме да го постигнеме со бојкот, се поголем број на народ кои нема да одговори на политичката понуда која се нуди ( А која во моментов преку ДПМНЕ и СДС) а е за никаде ќе го доведе политичкиот систем во криза и во негов крах. Тогаш единствено решение за спас на Македонија и македонскиот народ ќе биде започнување од почеток,  создавање на четврта македонска република со која народот ќе си ја врати својата држава во свои раце. Затоа бојкот е единствено решение за уривање на ова власт, преку уривање на политичкиот систем ќе се урнат двете партити кои триесет години ја владеат Македонија и ја донесоа до состојбава во која денес се наоѓа.
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Related posts

Leave a Comment