Колумни

Мишко Ливрински: На престојните локални избори ќе започне процесот на уривање на квислиншката власт и на враќање на Република Македонија

Веќе извесно време започна кампањата за локалните избори. Само не знам за какви локални избори станува збор. Поточно сакам да кажам за кои локални избори на која држава на севернава или на Македонија. Локалните избори се избори за тоа да народот одбере кој и како ќе ги менаџира неговите пари во наредните четри години.

Но, ситуацијата во Македонија денеска е поразлична од она што беше претходно. Македонија е денес окупирана земја со квинслишко-фашистичка власт која и го смени личниот опис и идентитет. Така моето прашање е локалните избори за која држава ќе бидат за Македонија или новава северна творевина?
Со СДС знаеме на што сме! Што ни нудат! А ни нудат иста окупација како и во претходниве четири години. А најинтересни од  се ми се дечкиве од ДПМНЕ кој го загубија ВМРО по пат.

Ги следам мртов ладен нивните капањи, рекламни спотови и ветувања за локалните избори. Ни ветуваат различни пректи, победи и промени кои ќе ни го подобреле животот. Моето прашање е на која држава ќе бидат тие проекти и победи кои ќе ги реализираат на Македонија или севернава? Бидејќи до сега не се одважија да кажат што ќе прават кога ќе дојдат на власт со преспанскиот, бугарскиот, тиранскиот за охридскиот договор да не правиме збор.

ДПМНЕ си ја прифати реалноста дека за нив северна е реалност. Тие дури ни во меѓународната политика не ветуваат нешто ново некој нов дискурс како што е да речеме менување на политиката за ЕУ и НАТО во неутралност, во ЕКВИ ДИСТАНЦА која според нас е најдобар избор за Македонија во меѓународните односи.
Она што и недостигаше на Македонија во изминативе пет години беше права и вистинска револуција која требаше да ја поведе Македонија во создавање на нова република. Односно да се создадеше ново уставотворно собрание кое ќе ги вратеше АСНОМСКИТЕ принципи и преамбулата на која почиваше државата.

Токму тука беше шансата на ДПМНЕ како партија која имаше најголемо гласачко тело да го свика народото и да ја присили квислиншката влас кон создавање на уставотворно и народно собрание. Таа шанса ДПМНЕ ја испушти.
За волја на вистината не се најде ниту некое движење или човек кој ќе застане зад таа идеја.

Единствено во моментов на локалните избори само РОДИНА гласно и јасно наговестува дека таму каде што ќе освојат победа ќе го вратат уставното име и ќе ги избришат таблите на севернава окупација.
За крај да заклучам : бидејќи во изминативе години не можевме да ја срушиме квинслишката власта од самиот врв од центарот , тогаш можеме нејзиниото уривање да го направиме од локалните подрачја. Така што во нашите места и општини ќе поставиме наш избор, наши луѓе кои се за Македонија, и кои ќе бидат непослушни на локалната власт. Тие места и општини ќе бидат слободната територија на Македонија. Така ќе започне процесот на уривање на квислиншката власт и процесот на враќање на Република Македонија. Секако, со создавање на ново уставно собрание кое ќе ги врати старите принципи врз кои почиваше и беше создадена Република Македонија, а кои квислинзите на власт само за неколку години успешно тоа го продадода.

Мишко Македонски Ливрински

Related posts

Leave a Comment