
На ден сме пред 75 годишнината од денот на победата над фашизмот во Европа. Ден кој Европската унија си го украде како свој ден и од ден на победа на фашизмот го прогласи како ден на ЕУ, се со една цел да ја избрише историјата и сопствениот страм дека цела Европа за време на втората светска војна имаше квислиншки и фашистички влади со исклучок на неколку држави : Русија, Велика Британија и Македонија ( ако не ги земаме во обзир неутралните држави Швајцарија и Шведска). Само за потсетување во текот на втората светска војна свои квислиншки влади имаше цела источна и западна Европа, Грција, Бугарија, Албанија со Балистите, Србија со Недиќ, Лојтиќ и Михајловиќ, Хрватска со Анте Павелиќ, Словенија, Унгарија,Романија,Чехословачка, Украина, Белорусија, Балтичките држави, Норвешка го имаше Квислинг, Полска, Холандија, Белгија, Франција, Шпанија, Италија сите има квислиншки и марионетски влади кое му служеа на фашизмот. Тоа е срамното минато кое Европа сака да го избрише со тоа што претварајќи го денот на победата над фашизмот во денот на ЕУ.