МОСКВА – Истражниот комитет на Русија ќе ги проучува фактите за дејствијата на Специјалната воздушна служба на британската армија (САС) на територијата на Украина, објавено е на Телеграм каналот на Истражниот комитет на Русија.
Британија испратила експерти на САС во Лавов за да им помогнат на украинските специјални служби да организираат диверзии на територијата на Украина, а сите податоци за тоа ќе бидат детално проучени, се наведува во соопштението, пренесува Спутник.
Истражниот комитет на Русија, во рамките на својата надлежност, ќе работи на континуирано откривање на лица вклучени во поддршка на актуелната влада во Киев, диверзантски активности на територијата на Украина и тешки злосторства против цивили и припадници на руските вооружени сили, наведува Спутник.