Вашингтон и Лондон ја зготвија идејата за заканатана Русија дека ќе ја „нападне Украина“ како би воспоставиле „херојска борба“ и да предизвикаат провокација, а потоа да прогласат победа, начин како да го одвлечат вниманието на јавноста од сопствената внатрешна криза и да ја вратат сликата на непобедливост по неуспехот во Авганистан, напиша денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова на својот канал на Телеграм .
Дипломатката, исто така, ги критикуваше написите на личниот блог на главниот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел. Блогот постојано објавува написи за потребата да се заштити судбината на Европа. Захарова се прашува дали блогот „го живее својот живот“ и дека европскиот дипломат „можеби и не е свесен какви бизарни текстови се објавуваат во негово име“.
Паралелно се развиваат добро познатите психотични фобии на западните медиуми за „руската агресија врз Украина“. Меѓутоа, времето минува а Русија не ја напаѓа Украина. Намерата на САД кои ја нарачаа оваа „песна“ и Британците кои скокнаа на тој вагон е јасна: тие самите ја зготвија идејата за руска закана“, рече портпаролката.
„Тие имаат можност да го одвлечат вниманието од сопствената политичка криза и можност да инвестираат милијарди во вооружување на незрели демократии и ова е начин да се оживее сликата на „непобедливост“ по авганистанскиот дебакл“, додаде таа. Портпаролката исто така нагласи дека и Киев финансиски губи од „патриотските игри“. Захарова ги наведе забелешките на самиот украински претседател Владимир Зеленски, кој рече дека земјата веќе изгубила 12,5 милијарди долари. „Тврдиме дека не им требаат непријатели со такви пријатели. Цело време тврдиме дека Западот воопшто не е заинтересиран за вистинските интереси на Украина“, заклучи портпаролката.