Украинската армија планирала да започне специјална операција на 8 март, со пристап до руската граница, изјави претседателот на Истражниот комитет на Русија, Александар Бастрикин.
Ги имаме податоците, сега ги проучуваме и ги проверуваме, така што точно на 8 март требало започне специјална операција на Украина од Северодонецк со пристап до руската граница, изјави Бастрикин на пленарната седница на Меѓународниот младински правен форум во Санкт Петербург.
Бастрикин верува дека украинските војници и неонацистите ги надминале германските фашисти во нивната суровост.
– Тоа не го направија ни фашистите. Тие се ужасни, особено со воените заробеници, рече тој.
Бастрикин, кој веќе неколку пати го посети Мариупол, рече дека градот е практично уништен.