Свет

Москва повеќе не ги зема за сериозни зборовите на Столтенберг

Москва повеќе не ги зема за сериозни изјавите на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

„Искрено, не не интересираат изјавите на Столтенберг. Сè уште не разбирам дали е генерален секретар на НАТО или банкар“, рече Захарова на неделниот брифинг.
Според неа, „тоа не е човек чии изјави во Москва ќе се сметаат за сериозни аргументи“.
„Тоа е соборен пилот на НАТО“, додаде таа.

Како што нагласи портпаролот на руското МНР, Москва „ќе се фокусира на сериозен разговор, доколку западните партнери се подготвени за тоа“.
Претходно беше објавено дека Столтенберг е назначен за гувернер на Централната банка на Норвешка. Тој ќе ја преземе функцијата кога ќе заврши мандатот на генералниот секретар на НАТО во септември 2022 година.

Related posts

Leave a Comment