Свет

Московскиот Патријарх Кирил ги повика русите на единство

ПАТРИЈАРХОТ Московски и на цела Русија Кирил ги повика Русите да бидат единствени во тешкиот период низ кој денес минува земјата.

– Господ нека ни помогне на сите во ова тешко време за нашата татковина да се обединиме околу власта, а властите да бидат исполнети со одговорност за својот народ, смирение и волја да му служат до крајот на животот – рече Кирил во проповед во храмот Покров на Пресвета Богородица во Москва, пренесува агенцијата Интерфакс.

Кирил оцени дека тогаш рускиот народ ќе има вистинска солидарност и способност да ги одврати непријателите и надворешните и внатрешните и да го организира својот живот така што, како што наведе, „во него ќе има што повеќе добрина, вистина и љубов“.

Related posts

Leave a Comment