Македонија

Невакцинираните деца и понатаму не следат настава

Image result for вакцини

 

Родителите на невакцинирани деца кои не се примаат во прво одделение се пожалија во Инспекцискиот совет. Тие бараат на неколку просветни инспектори да им се земе лиценцата за работа бидејќи ги дискриминираат децата со тоа што не им дозволуваат да следат настава затоа што немале картони за вакцинација.

„Секој побаран материјал од нас ќе биде доставен. За друго постапување, ние ќе бараме информации за тоа кој и како постапил. Во тие училишта каде има потребно ќе обезбедиме вакцини на терен, тоа ќе го обезбедиме со цел предвидените законски обврски во Законот за образование да се исполнат и да се обезбеди право за образование за секое дете“-изјави Арбер Адеми, министер за образование.

Родителите кои се против вакцинирањето велат дека вакцината треба да биде право на слободен избор, а не услов за запишување во училиште. Организациите против вакцинирањето велат дека за ова ќе се жалат и во судот во Стразбур.

Според податоците на МОН, моментално 189 деца не се запишале во прво одделение поради тоа што не биле вакцинирани.

Related posts

Leave a Comment