Незапирливиот Данил Медведев! Рускиот тенисер ќе игра во шестото последователно финале, бидејќи го совлада Гркот Стефанос Циципас со 7: 6 (5), 7: 5 во полуфиналето на Мастерсот во Шангај.
Третиот носител триумфираше за еден час и 39 минути игра.
По Вашингтон, Монтреал, Синсинати, УС Опен и Санкт Петербург, Русинот ќе се бори за титулата во Шангај, исто така.
Во каков налет е 23-годишниот Московјанин говори податокот што последен пат сет изгубил во финалето на УС Опен против Рафаел Надал, кога за последен пат беше поразен.
Русинот се пласираше во 13. финале на АТП турнејата во својата кариера каде ќе се обиде да ја освои својата четврта титула оваа сезона, втора на турнирите во Серија 1.000.
Ривал во финалето на претпоследниот Мастерс во сезоната ќе биде победникпт од дуелот помеѓу Александар Зверев и Матео Беретини.
58 Match Wins
45 Hard-Court Wins
21 ATP Masters 1000 Wins
9 ATP Tour FinalsThis is some sort of season from @DaniilMedwed 👏
🎥: @TennisTV | @SH_RolexMasters pic.twitter.com/hbBKXarNzj
— ATP Tour (@atptour) October 12, 2019
Во дуелот со Циципас, Медведев беше поодлучен и подобар во клучните моменти. Гркот не го издржа притисокот во завршницата на сетовите.
Мечот започна со сигурни сервис гејмови на двајцата, па така на првата брејк топка се чекаше до деветтиот гејм. Сепак, Циципас не искористи ниту една од трите врзани брејк топки.
Првиот сет беше решен во тај брејк, кој русинот го доби со 7-5.
Русинот играше со поголема самодоверба во продолжението, па направи брејк рано во вториот сет. Иако подзастана кога сервираше за натпреварот и му дозволи на противникот да изедначи на 5: 5, Медведев се врати многу брзо. Тој веднаш возврати со брејк, а потоа со сервис гејм без иагубен поен за победа.
SIX STRAIGHT FINALS FOR MEDVEDEV 😲
🇷🇺 @DaniilMedwed makes his sixth consecutive #ATPTour final after defeating Tsitsipas in Shanghai!
🎥: @TennisTV | @SH_RolexMasters pic.twitter.com/bWsQUYgchF
— ATP Tour (@atptour) October 12, 2019