Свет

„Нема да ја затвориме земјата во случај на втор бран“

Претседателот на САД, Доналд Трамп во четвртокот изјави дека во случај на втор бран на пандемија на коронавирус, тој нема да се обиде да воведе карантин и да ја затвори земјата.

„Имаме намера да го гаснеме пожарот, нема да ја затвориме земјата“, рече Трамп.

Изјавата доаѓа во исто време со олеснување на рестриктивните мерки преземени од страна на 50 американски сојузни држави, меѓу кои оние со републиканско раководство вршат притисок за што е можно поскоро придвижување на земјата, додека оние со демократското раководство бараат поголема претпазливост во намалувањето на ограничувањата.

 

Related posts

Leave a Comment