Здравје

НЕ ПОСТОИ ДОКАЗ ДЕКА ВАКЦИНИТЕ КОИ СЕ ПРИМААТ ДО 6 МЕСЕЧНА ВОЗРАСТ – НЕ ПРЕДИЗВИКУВААТ АУТИЗАМ!

CDC на својата веб-страница тврди дека „вакцините не предизвикуваат аутизам“. И покрај ова тврдење, истражувањата откриле дека помеѓу 40% и 70% од родителите со дете со аутизам продолжуваат да ги обвинуваат вакцините за аутизмот на нивното дете, обично укажувајќи на вакцините дадени во текот на првите шест месеци од животот.

Вакцините дадени во текот на првите шест месеци од животот, според распоредот за вакцинирање за деца на ЦКБ, вклучуваат по три дози од DTaP, HepB, HIB, PCV 13 и IPV (дифтерија, тетанус, пертусис, хепатит Б, хемофилус инфлуенца тип Б, за пневмококна инфекција, полио), со вкупно петнаесет дози во текот на овие шест месеци.

Сите медиуми и голем број на медицински лица ја повторуваат изјавата на ЦКБ – „Вакцините не предизвикуваат аутизам, постојат голем број на докази дека тоа е така!“

Но, дали е така? Дали постојат огромен број на докази дека вакцините НЕ предизвикуваат аутизам?

Летото 2019 година ICAN, до CDC поднесе Барање со помош на Законот за слобода на информации (FOIA) со кое се бараат „сите студии на кои се потпира CDC, за да тврдат дека вакцината DTaP не предизвикува аутизам“. ICAN го поднесе истото барање за HepB, HIB, PCV 13 и IPV, како и барањето CDC да обезбеди доказ дека кумулативната изложеност на овие вакцини во текот на првите шест месеци од животот – не предизвикува аутизам.

И покрај повеќемесечните барања, ЦКБ не успеа да изнесе единствена специфична студија како одговор на овие FOIA барањата. Затоа ICAN беше принудена да го тужи CDC, каде CDC конечно призна, со помош на Одредбата потпишана од судија на Федералниот суд, дека нема никакви студии за да се поддржи тврдењето дека ниту една од овие вакцини не предизвикува аутизам.

По одредбата, ЦКБ приложи само 20 студии: една во врска со МРП (вакцина за која ICAN не даде барање), тринаесет кои се однесуваат на тимеросал (состојка која не е во ниту една од вакцините за кои беше поставено барање од ICAN), пет за врската помеѓу МРП и тимеросал и една што се однесува на изложеност на антигени (не на вакцина).

Неполни 20 студии (неколку се прегледи на други студии) се оние на кои се темели изјавата на CDC дека вакцините не предизвикуваат аутизам?!

На списокот на студии на ЦКБ беше неодамнешниот преглед од страна на Институтот за медицина (IOM), платен од CDC, кој спроведе сеопфатен преглед на студии поврзани со тоа дали DTаP предизвикува аутизам. Резултатот беше дека IOM не може да идентификува единствена студија за поддршка на тоа дека DTаP не предизвикува аутизам.

IOM – Доказите се неадекватни да се прифати или одбие причинско – последична врска помеѓу DTaP и аутизмот

Наместо тоа, единствената релевантна студија која IOM може да ја идентификува најде асоцијација помеѓу DTаP и аутизмот! Но, беше отфрлена дека се базира на VAERS, кој е пасивен систем и фактот дека нема контролна група?! Контролна група би биле невакцинирани деца. Да напоменеме дека во ниту една студија од горе наведените 20, нема контролна група. Нема студија во која се врши споредба со невакцинирани деца, како би се добило реален преглед на несаканите реакции и појавата на аутизам.

IOM – Студијата на Гаер и Гаер од 2004 година, не е епидемиолошка и користи податоци од VAERS и нема контролна група

Со други зборови, CDC наведе преглед како одговор на барањата со помош на FOIA, што докажува дека нема студии за поддршка на тоа дека DTаP не предизвикува аутизам. Како и за останатите вакцини!

НЕ ПОСТОИ ДОКАЗ ДЕКА ВАКЦИНИТЕ КОИ СЕ ПРИМААТ ДО 6 МЕСЕЧНА ВОЗРАСТ – НЕ ПРЕДИЗВИКУВААТ АУТИЗАМ!

ICAN поднесоа Жалба до Судот во Њујорк, за тврдењето на ЦКБ кое по сето ова се докажа дека е неточно – да биде еднаш за секогаш отстрането од нивната страна и да се прекине заблудата што се презентира насекаде. Доколку после сето ова, не ја тргнат оваа објава, која не е поддржана со докази, ICAN ќе ги преземе сите легални средства за да ова се случи.

За подетална анализа на добиените студии од ЦКБ, погледнете ја неодамнешната епизода на The HighWire, со Дел Бигтри – основачот на непрофитната организација ICAN – Informed Consent Action Network.

Извор ОД НАС ЗА НАС

Related posts

Leave a Comment