Свет

Никотинот лечи коронавирус? Научниците чекаат зелено светло за тестирање

Study: Only Fraction Of Teens Who Vape Inhale Nicotine – CBS San ...

 

Француските научници планираат да ги тестираат никотинските лепенки на пациентите кои имаат коронавирус и на здравствените работници на „првата борбена линија“ откако една студија открила дека пушачите може да бидат многу помалку изложени на ризик од заразување со вирусот.

Студијата во големата париска болница сугерира дека супстанциите во тутунот – можеби никотинот – потенцијално би можеле да спречат пациентите кои пушат да добијата Ковид-19, пишува „Гардијан“.

Клиничките испитувања на никотинските лепенки се во очекување на одобрување од француските здравствени власти. Научниците, сепак, инсистираа на тоа дека тие не ја охрабруваат популацијата да пуши, што носи други потенцијално фатални ризици по здравјето и убива 50 проценти од пушачите.

Иако никотинот може да ги заштити оние кои го консумираат од вирусот, пушачите кои се заразуваат често развиваат посериозни симптоми заради токсичните ефекти на чадот од тутунот на нивните бели дробови, велат тие.

Тимот во болницата „Пити-Салпетријер“ испитал 480 пациенти кои биле позитивни на вирусот, од кои 350 се хоспитализирани, а останатите со помалку тешки симптоми се пуштени дома.

Од оние што се примени во болницата, чија просечна возраст е 65 години, само 4,4 проценти се покажа дека се пушачи. Од ослободените дома, со просечна возраст од 44 години, пушеле 5,3 проценти.

Related posts

Leave a Comment