Свет

Новите санкции покажуваат дека САД “се плашат од Чеченија” – Кадиров

Канцеларијата за контрола на странски средства на американското Министерство за финансии го додаде ,,Терек’- специјалниот тим за брза реакција на Чеченија и петмина руски државјани на листата со санкции

Американските санкции против специјалниот тим за брза реакција  “Терек” од Чеченија значат дека САД се плашат од Чеченија, рече чеченскиот лидер Рамзан Кадиров во четвртокот

Канцеларијата за контрола на надворешните средства на САД (ОФАК) на американското Министерство за финансии претходно го додаде Терек специјалниот тим за брза реакција на Чеченија и петмина руски државјани, вклучувајќи го и командантот на Терек, Абузајд Висмарадов, водејки се од Законот на Магнитски.

“Ако разговараат за прашањата на Терек и командантот Абузајд Висмарадов на највисоко ниво во САД, тогаш ова претставува убедлив доказ дека САД се плашат од нас – малата Чеченија, која се наоѓа толку далеку од големата Америка. Ова значи дека сме на вистинскиот пат, кој дејствува ефикасно, ефективно, веднаш и брзо. Раководството [на Чеченија] донесе едногласна одлука да побара од САД да додадат секој еден од нас на листата со санкции “, напиша Кадиров на неговата официјална сметка на мрежата Телеграм.

Абузаед Висмарадов, кој беше додаден на санкциите на САД, рече дека тоа за него преставува голема  чест. “Ако оваа листа се состои од непријатели на Америка, тогаш мислам дека е чест да бидам дел од неа. Долго време сум меѓу оние на кои им беа наметнати нивните смешни санкции. За мене ова претставува признание од страна на американските власти дека сум вистински патриот на Русија, муслиман, чеченец, додадавањето на оваа листа е еден од најсреќните моменти од мојот живот “, пишува Висмурадов на неговата официјална сметка на Инстаграм.

 

 

Related posts

Leave a Comment